Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман смета дека Кристијано Роналдо е „најзаслужен“ за лошата атмосфера во Манчестер Јунајтед.
Неговото враќање во Манчестер ги разбуди надежите на „црвените ѓаволи“ за подобри денови за нивниот клуб, како оние кога Португалецот го помина првиот мандат на „Олд Трафорд“. Сепак, ниту самата организација, ниту Кристијано не се исти.
Заминувањето на Сер Алекс Фергусон го остави Манчестер во меѓупросторот и тоа продолжува до ден-денес, додека Роналдо стана една од најистакнатите фигури во историјата на спортот. Неговиот глад за победа понекогаш преовладува над здравиот разум, па според поранешниот играч на Баерн Минхен, Њукасл и Ливерпул, Дитмар Хаман, стравот е посеан во соблекувалната на Манчестер Јунајтед.
„Има прашалници кога се работи за Роналдо. Дали навистина се меша во тимот и дали играчите се плашат од него?“, праша Хаман.
Тој смета дека настапот на Кристијано во Манчестер е особено лош за Џејдон Санчо кој минатото лето беше платен 100 милиони фунти во Борусија Дортмунд, но засега не оправда ништо од тоа.
„Мислам дека во моментов, во средина каква владее во Манчестер Јунајтед, е многу тешко за новодојденец. Не изгледа како здрава средина за работа за нов фудбалер и му отежнува од првиот ден. Тој треба да знае како функционира Премиер лигата. Ја помина академијата на Манчестер Сити, но изненаден сум што тоне во моментов. Тоа можеме да го препишеме на целиот тим, кој не изгледа како едно и како група подготвена да се собере, додека менаџерот се обидува тоа да го реши“, изјави Хаман и изрази надеж дека Санчо ќе игра подобро во блиска иднина.