Ако си го поставите прашањето што е најдобро да пиете после вежбање и напорен тренинг, сигурно најпрво ви паѓаат на памет најразлични спортски пијалаци или шејкови.
Сепак, одговорот на ова прашање е далеку поедноставен отколку што ви се чини. Повеќе истражувања покажале дека токму чоколадното млеко е најдобро за оваа намена.
Благодарение на него, надоместувате млечни киселини, шеќери, протеини, масти и електролити, многу поефикасно отколку кој било спортски пијалак.
Една чаша чоколадно млеко по вежбање ќе воспостави правилен ритам на работата на срцето, кое поради тренингот чука забрзано. Во неа има доволно протеини, шеќери, млечни масти и електролити, токму она што ви е потребно после вежбање.
Но, чоколадното млеко не е единствено кое помага во овие ситуации. Можете да се обидете и со бистра топла супа со тестенини. Ќе добиете сличен ефект.
Она што не смеете да го заборавите е да пиете доволно вода за да надоместите за изгубената течност преку потењето за време на тренингот.