Што е познато за заложниците киднапирани од Хамас?

од Stefanija Kuzmanovska
265 прегледи

За време на нападот на 7 октомври, милитантите на Хамас зедоа најмалку 200 заложници и убија 1.400 луѓе во напад од Појасот Газа врз заедници и воени бази во јужен Израел.

Израел одговори со воздушни напади врз Газа, при што загинаа илјадници. Во меѓувреме, тие собраа тенкови и војска во близина на Газа и ги повикаа Палестинците да се евакуираат од северот на територијата. Како што наведува „Ројтерс“, Хамас предложил заложниците да бидат разменети за околу 6.000 Палестинци кои се во израелските затвори.

Израел беше критикуван од некои граѓани во 2011 година за размена на 1.027 палестински затвореници со цел да ослободи еден израелски војник. Израел соопшти дека нема да има крај на блокадата на Газа додека не се ослободат израелските заложници.

Колку заложници има?
Околу 200 луѓе, меѓу кои 30 малолетници и деца, и 20 лица постари од 60 години, се заложници на Хамас во Газа, објави во четвртокот израелскиот јавен радиодифузер Кан, цитирајќи воени извори. Хамас рече дека станува збор за околу 200 до 500 луѓе. Исто така, се наведува дека во израелските напади биле убиени повеќе од 20 заложници, но нема повеќе детали.

Каде се наоѓаат заложниците?
Израел вели дека заложниците се однесени во Газа, но не се знае точно каде се наоѓаат, што го отежнува нивното спасување. Се верува дека многумина би можеле да бидат во тунелите под Газа кои израелската војска ги нарекува „Метро на Газа“.

Од која националност се заложниците?
Меѓу заложниците има луѓе од десетици земји, а повеќето имаат израелско државјанство.

Повеќе од 20 Американци се водат како исчезнати, изјави во вторникот американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, додавајќи дека не може да се каже колку од нив се заложници. Американскиот републикански сенатор Џим Риш во вторникот изјави за новинарите дека десет од заложниците имаат американско државјанство.

Тајланд соопшти дека 17 нејзини државјани се киднапирани, додека меѓу заложниците има осум Германци, од кои околу половина се заробени во кибуц, според локалните медиуми.

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез во видео повик со семејствата изјави дека 16 Аргентинци се во притвор. Најмалку девет британски државјани се убиени, а седум се водат како исчезнати, изјави портпаролот на премиерот Риши Сунак. Не е познато колку Французи се киднапирани, но по нападот седум лица се водат како исчезнати. Еден Холанѓанец исчезна, според владата на земјата.

Хамас на 16 октомври соопшти дека оние без израелско државјанство се „гости“ кои ќе бидат ослободени „кога ќе дозволат околностите на теренот“.

Слични содржини