Претставничкиот дом ќе гласа денес или утре за резолуцијата со која се бара од потпретседателот Пенс да се повика на 25-тиот амандман.
Претседателот на Претставничкиот дом на САД, демократката Ненси Пелоси, објави дека оваа недела долниот дом на Конгресот најпрво ќе гласа за резолуцијата со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс и американската влада да го сменат претседателот Трамп пред да започне постапка за импичмент.
Претставничкиот дом ќе гласа денеска или утре за резолуција со која се бара од потпретседателот Пенс да се повика на 25-тиот амандман на Уставот на САД, со кој им се овозможува на потпретседателот и членовите на американската влада да го заменат претседателот, доколку тој не е во можност да ги извршува своите претседателски должности.
Според Пелоси, после тоа, постапката за отповикување на Трамп ќе биде покрената во Претставничкиот дом, објави Ројтерс.
Досега 210 члена на Претставничкиот дом, скоро мнозинство во долниот дом на Конгресот, го поддржаа започнувањето на постапката за отповикување на Доналд Трамп.