538
Светски познатиот модел Ирина Шајк го привлече вниманието на модна ревија во Лондон. Таа се појави со модро под окото, а многу обожаватели се запрашаа што се случило. Меѓутоа, набрзо беше објавено дека се работи за лажна маскара и дека таа е така нашминкана за ревија на модниот бренд Mowalola.
Инаку, за време на ревијата на лондонската модна недела, во публиката меѓу другите беа и поранешното момче на Ирина, Канје Вест и неговата нова девојка Бјанка Ценсори.
Ирина во последните неколку дена е во јавноста бидејќи се гледа со Том Брејди. Сепак, според странските медиуми, манекенката наводно сака да ја обнови врската со Бредли Купер со кој има и ќерка.