Што го чека Хан во Скопје?

од desk3
115 прегледи

Секогаш кога преговорите на политичките партии ќе отидат во ќор-сокак, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан доаѓа да ја откочи работата. Тој во последните четири месеци три пати беше во Македонија – на 2 јуни, 13 јули и на 18 септември.

han-grujo

По бурната недела, Хан во понеделник по четврти пат ќе пристигне во Скопје.

Неговата портпаролка Маја Коцијанчич, рече дека одблизу го следат развојот на настаните и ги повикуваат сите партии да продолжат да работат на имплементирање на Договорот од Пржино.

Премиерот Никола Груевски ја обвини опозицијата дека со своето однесување ја изнудила посетата на еврокомесарот.

Овој пат тој ќе има малку повеќе работа и еве што сè го чека во Скопје:

1. Раскарани политички парти

  • Формално, опозициската СДСМ се врати во Парламентот, но анимозитетот и гледањето „преку нишан“ на најголемите партии продолжува и се засилува. По одлуката на Советот да избере само седум од 14 кандидати за помошници-обвинители кои ги побара специјалната обвинителка Катица Јанева, опозицијата одлучи да ги напушти преговорите. Сепак утрово партиите постигнаа договор околу изборната регулатива.

2. Закочени, па откочени преговори

  • Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте и владеачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ излегоа со изјава дека е постигнат договор за Изборниот законик и за сите други детали околу изборите, но од СДСМ реагираа дека преговорите биле при крај, но дека договор немало, како и дека Договорт од Пржино за нив „не е активен“.

3. Раскарани обвинителства

  • Специјалната обвинителка побара нешто повеќе од милион евра и 14 помошници обвинители, но една од причините поради кои Советет на јавни обвинители не го изгласа целиот тим на Јанева е затоа што на другите обвинителства во Македонија им недостигале пари и обвинители, а барале и подобри услови за работа. Четирите партии испратија писмо до Советот со кое браат на Јанева да и се изгласаат и другите седум помошници. Јанева побара помош од медиумите и апелираше до назначените седум помошни-специјални обвнители да не дадат свечена изјава.

4. Статус-кво во ситуацијата со медиумите

  • Работните групи до 15 октомври требаше да ја договорат и некои работи околу функционирањето на медиумите. Но претставниците на политичките партии имаа само една средба на која новинарските здруженија ЗНМ и МАН дадоа свои предлози за како да се подобри состојбата со медиумите.

5. Неформирана (собраниска) анкетна комисија

  • Анкетната комисија која беше предвидено да биде составена од пратеници на политичките партии требаше да има мандат да разговара за прислушуваните разговори, од каде се набавени и нивната содржина. Комисијата требаше да се формира до средината на септември, а во ноември да го поднесе првиот извештај.

6. Мигрантска криза

  • Големиот бран мигранти продолжува да ја заплиснува Македонија. Според известувањата на МВР дневно низ Македонија транзитираат во просек околу 2.500 регистирирани мигранти. Според УНХЦР, пак, таа бројка е двојно поголема. На сила е кризната состојба која ја проглкаси владата и според која на јужната граница се распоредени сили на МВР и на АРМ. Во моментов мигрантите мирно и без проблеми се траспортираа до границата со Србија.

META