Често се случува жената да изгуби каква било сексуална желба.
На што се должи тоа? Постојат голем број на причини кои влијаат на сексуалната активност на понежниот пол.
Дури и при силна љубов кон мажот има периоди кога на жената воопшто не ѝ е до секс. Највообичаен фактор кој ја уништува сексуалната желба, е стресот. Секакви проблеми во животот, во работата, во односите веднаш предизвикуваат депресивни состојби.
А, при психолошки пад либидото на жената исто паѓа.