Капките за нос, кои наводно ќе штитат од Ковид-19 во период од 48 часа, ги направија научници од Универзитетот во Бирмингем и велат дека се подготвени за масовна употреба.
Состојките во капките се веќе одобрени за употреба, а лабораториските анализи покажуваат дека спречува коронавирусот да се „поврзе“ со човечките клетки. Спрејот е направен од две основни состојки – карагенан и гелан, кои се користат во производството на храна како згуснувачи.
Д-р Ричард Мукс, кој ги направи капките со својот тим, вели: „Овој спреј е направен од состојки што се веќе достапни и се користат во храна и лекови. Со вистински партнери, би можеле да започнеме со масовно производство за неколку недели “.
Кога спрејот ќе дојде во контакт со вирусот САРС-КоВ-2, кој предизвикува Ковид-19, тој го фаќа, го „заробува“ и потоа го исфрла од телото со дување на носот, па дури и со голтање.
Научниците тврдат дека овие капки може да бидат особено корисни во ризични ситуации, меѓу медицински работници, во авиони и училници.
Се разбира, тие посочуваат дека нивниот производ не ги заменува постојните мерки за заштита – маски, миење раце и социјално растојание, кои се од витално значење за да се спречи ширењето на инфекцијата.
„Она што го прави спрејот е да обезбеди дополнителна заштита за да се спречи и забави ширењето на вирусот“, вели д-р Моукс.