Што имало во новооткриените станови на Груевски на „Бихаќка“?

од Nikola Popovski
317 прегледи

Полицијата направи претреси во четири стана што се поврзуваат со поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски, со наредба од Обвинителството за случајот познат како „Плацови на Водно“. Според извори од истрагата, во едниот од новооткриените станови на улицата „Бихаќка“, тој имал огромна библиотека, а другиот го користел како работен кабинет полн со уметнички дела.

Сите четири стана, двата на име на мајка му, на секретарката и на фирмата, биле со последователни броеви. Два од вкупно четирите станови биле споени, со вкупна површина од над 140 квадратни метри.

Откако денеска беше објавена информација дека по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, бил извршен претрес во станот на бегалецот Никола Груевски, од Обвинителството ја потврдуваат информацијата, без да соопштат многу детали.

„По барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска е извршен претрес во повеќе објекти. Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на целосно расчистување на предметот“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Слични содржини