Што ја прави популарната корејска козметика различна од обичната?

од Elena Daskalova

Веќе подолг период корејската козметика е хит меѓу жените, а на голема врата е и влезена во западниот свет. Влијанието е очигледно, многу производители на козметика за нега на лице ги прифаќаат корејските практики.

Кога се работи за рутини за нега на кожата, важно е да се најде балансот кој најмногу ни одговара, бидејќи на пример, азиската козметика нема формулации со АХА-киселини или со витамин Ц.

Ова се главните разлики:

Превенција наместо лек

Европската козметика се фокусира на прикривање на веќе настанатите штети и проблеми, додека пак корејската покрај корективна, има и превентивна улога.

Без иритирачки состојки

За корејските производи може да се каже дека се пандан на хомеопатските лекови. И тие содржат состојки како салицил или АХА-киселини, но во многу помали концентрации откоку во западњачктие козметки.

Научно одобрени состојки

Корејците даваат приоритет на што поприродни состојки кои имаат научно докажани козметички својства. Во нивните производи ќе најдете екстракти и есенции од растителни состојки, наместо хемиски алтернативи.

Длабинска хидратација

Корејците веруваат дека за кожата да биде здрава и негувана, мора пред сè да биде длабински хидратирана. Дури потоа може да се интервенира со капки, креми, ампули, тоници и серуми.

Конкурентна цена

Трошоците за производство и увоз на корејската козметика не се премногу високи, па всушност нивната цена е пониска или речиси изедначена како и со стандардната козметика. Но, маркетингот веќе го прави своето и како добива на популарност, така расте и цената на овие козметички производи.

Заштита од сонце

Веднаш по хидратацијата, втор приоритет на Корејците е заштитата од штетните УВ-зрачења. Тие имаат развиено лесни креми и гелови со заштитен фактор, за разлика од западњачките, кои се тешки и масни.

Слични содржини