Претставниците на секој од хороскопските знаци си имаат свои уникатни карактеристики, параметри и желби, кои често ги обединуваат по еден необјаснив начин.
Дознајте повеќе за она што ви ја гаси страста и што ве оттурнува вам и вашиот сакан според хороскопскиот знак:
Овен
Глупави емоционални тиради, дигнати или мрачни ставови и ултиматуми. Овенот лесно се лути, но брзо му поминува и не се придржува кон лоши чувства. Тој го очекува истото и од партнерот – не ја сака пасивната агресија. Овенот исто така мрази планиран и рутински секс.
Бик
Порој, затрескување, интриги и премногу несериозен пристап кон сексот. Луѓето од овој знак ги мразат конфликтите и драмата. Тие се сензуални, нежни љубовници кои имаат потреба од ист однос од страна на партнерот.
Близнаци
Традиционален и банален вид на заведување. Тие ги мразат совршено планираните, романтични вечери и премногу слатки гестови. Тие не можат да се придржуваат и кон рутина. Покрај тоа мразат и љубоморни партнери.
Рак
Брзи и кратки средби, однос без емоции, изневери. Секој вид неискреност од страна на партнерот може нагло да им ги олади чувствата.
Лав
Манипулација и доминантно однесување. Вистинскиот лав нема да истрпи премногу мистериозен или таинствен партнер. Тие очекуваат целосна посветеност и не би толерирале партнер на кого не може да му се верува. Тоа би било удар за нивното его!
Девица
Непромислено однесување, доцнење и несмасност во кревет. Девицата нема да може да биде со личност која не се грижи за себе, се храни нездраво, не спортува, пие многу и слично.
Вага
Суровост во спалната, избрзани заклучоци, себичното однесување. Луѓето од хороскопскиот знак вага нема да се чувствуваат добро со партнер кој не им обрнува доволно внимание и им прави да се чувствуваат осамени.
Шкорпија
Фриволно глупаво однесување може да ја олади страста на скорпијата. За него, луѓе со таквото однесување се тотално загубено време.
Стрелец
Здодевност, недостаток на веселба, ризик и добро расположение, особено на интимниот план. Стрелецот не може да напредува со човек кој има различни или спротивни идеали на неговите.
Јарец
Површно, неразумно и нерешително однесување, немирен темперамент, безначајни игри во љубовта. На сериозниот јарец му се одбивни луѓе кои ја сакаат драмата и луѓе кои имаат нестабилен живот.
Водолија
Очај, негативните емоции, конзервативното однесување во спалната, рутината. Исто така нешто што вистински би го иритирало припадникот на овој знак е традиционалниот пристап кон сензуалност и недостатокот на предизвици во врската.
Риби
Дрскост, грубост, незаинтересираност кон сексот и галење. На рибите не им се допаѓаат луѓе кои често запаѓаат во ризични ситуации. Тоа би го збунило и исплашило, романтичниот и артистичкиот претставник на овој знак.