Што може да ги очекува Сеул и Токио ако Северна Кореја изврши нуклеарен напад – над 2 милиони лица ќе загинат!?

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Ако Северна Кореја се осмели да го користи својот нуклеарен арсенал против Сеул и Токио, бројот на жртвите ќе биде поголем од 2 милиони лица. Слична катастрофална прогноза направи во средата аналитичкиот сајт 38 Норт, специјализиран во собирањето и анализирањето на информации за Северна Кореја.

Оценката укажува дека Северна Кореја има 25 нуклеарни боеви глави за балистички ракети и тие се насочени токму против Сеул и Токио. Моќноста на нуклеарните глави, според експертите од сајтот одредуваат дека се меѓу 15 до 250 килотони.

Врз основа на оваа информација од 38 Норт направиле неколку различни пресметки во зависност од тоа дали 20, 50 или 80 проценти од истрелани боеви глави ќе експлодираат.

Исто така, се пресметани и можностите на системите за противракетна одбрана што се во моментов во Јапонија и Јужна Кореја. Според најлошото можно сценарио при нуклеарно-ракетен напад од страна на Пјонгјанг можат да загинат вкупно 2,1 милиони луѓе, а други 7,7 милиони да добијат посебни потреби, повреди и различен степен на радијација.