Што може да предупреди на побрзо стареење на мозокот и на што треба да внимаваме?

од Stefanija Kuzmanovska
581 прегледи

Стапката на стареење на човечкиот мозок во поголема мера зависи од општото здравје и начинот на живот.

Според научните истражувања, мозокот може да старее побрзо од оптималното, особено ако се присутни одредени знаци.

Финските научници објавија студија во која покажаа дека многу цинични постари луѓе имаат поголема стапка на когнитивен пад. Но, тоа не е се, тие главно умираат порано. Главната причина за тоа е, меѓу другото, зголемениот кортизол, кој се создава во стресни ситуации и негативно влијае на здравјето на мозокот.

Иако е тешко да се концентрирате за време на голема возбуда и напнатост, потребно е да обрнете внимание доколку тоа постојано ви се случува. Истражувачкиот тим на USC откри дека постојаното талкање на вниманието е знак на когнитивно стареење. Оваа особина може да се појави во мозокот веќе на 30-годишна возраст и е еден од знаците за можна Алцхајмерова болест.

Ако имате проблеми да се концентрирате кога сте под стрес, когнитивното тестирање може да помогне да се утврди дали сте склони кон когнитивно опаѓање. Менталните игри како што се загатки и крстозбори можат да бидат корисни за зајакнување на вашата способност за концентрирање.

Ако заборавите некој термин и слично, тоа не значи многу, бидејќи тоа може да му се случи на секого. Кога постојано заборавате што сте се согласиле да правите, сосема ненамерно, а тоа ви го посочуваат пријателите, сфатете го овој фидбек сериозно.

„Пациентите што ги гледам и кои имаат проблеми со меморијата обично не препознаваат дека ги имаат“, вели Томас Р. Видиќ, соработник на Американската академија за неврологија.

Но, тоа е многу важен знак на кој треба да внимавате, затоа слушајте што ви кажуваат вашите пријатели и семејството и добијте соодветен медицински совет.

Прекумерниот замор е уште една клучна карактеристика нагласена во неколку студии, вклучувајќи ја и студијата за стареење на клиниката Мајо.

Уморот во текот на денот не само што значи дека мозокот не го добива соодветниот ресторативен одмор што му е потребен во текот на ноќта, туку може да влијае на физичките промени во мозокот кои се поврзани со стареењето.

„Спиењето е важен заштитник на мозокот“, вели Нил Граф-Радфорд, професор по неврологија во клиниката Мајо на Флорида.

Тој додава дека истражувањето покажало дека апнеја при спиење всушност може да го намали хипокампусот – клучен дел од мозокот поврзан со учењето и меморијата. За здравјето на мозокот се препорачуваат најмалку седум до осум часа квалитетен сон.

Слични содржини