Што му порача Колинда на Тачи?

од desk2
277 прегледи

 

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар – Китаровиќ изјави дека на Хашим Тачи во Њујорк му рекла дека границите на територијата на поранешна Југославија мора да останат „врежани во камен“.

„Интересно беше да се разговара со претседателот на Косово, Тачи токму за односот Белград Приштина и за ова последното што се зборува за можна размена на територии“, вели таа.

„Ние сме многу внимателни и им ги пренесов нашите аргументи односно гледиште и факт дека начелото на Бадинтеровата комисија дека границите на териоторија на поранешна Југославија мора да останат „исклесани во камен“, вели Грабар-Китаровиќ.

Таа на средбата со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш разговарала нза загриженоста околу состојбата на југоистокот на Европа пред важни процеси кои треба да следат во кусо време.

„Беше многу продуктивна средба. Го почитувам фактот дека овие денови тој иаше 128 средби и договоривме да го продолжиме дијалогот. Ја делиме загирженоста за состојбата на југоистокот на Европа, низ процесите кои се отвораат во претстојното време, почнувајќи од изборите во БиХ и фактот дека не е сменет изборниот закон, преку дијалогот Белград-Приштина, до исчекувањето на резултатите од референдумот во македонија околу името на државата“, вели хрватската претседателка.