Што му се случува на телото кога ќе запалите цигара?

од Stefanija Kuzmanovska

Сите знаеме колку се штетни цигарите за здравјето, а истражувањето на научниците од Харвард дојде и до нови резултати. Пушењето, дури и на краток рок, го зголемува ризикот од развој на периферна артериска болест кај жените. Ако пушите повеќе од 15 цигари на ден, тогаш ризикот од развој на оваа болест е повеќе од десет пати, тврдат истражувачите.

Периферна артериска болест е стеснување на периферните артерии, особено во нозете.

Високиот крвен притисок, холестеролот и дијабетесот го зголемуваат ризикот од периферни артериски заболувања, кои влијаат на околу пет проценти од популацијата на возраст меѓу 55 и 74 години во западните земји.

Симптомите вклучуваат болка во нозете и чувство на замор во мускулите на нозете при одење.

Слични содржини