Што најмногу го усреќува, а што го нервира секој хороскопски знак?

од Stefanija Kuzmanovska

Еве објаснување зошто некои не реагираат на зајадливи коментари, додека други се обидуваат да ја исправат секоја можна неправда, пренесува „Женски магазин“.

ОВЕН

На Овенот не му треба многу за да го изнервирате, затоа што сам по себе е многу нестрплив. Доволно е да му кажете дека мора да одложите нешто за што сте се договориле и веднаш ќе се изнервира.

Ако сакате да го расположите Овенот, обидете се да му ласкате како е тој најдобар.

БИК

Кажете му на Бикот дека не ве интересира што прави, тој веднаш ќе го протолкува тоа како да не се грижите за него или неа. Исто така, кажете му на Бик да не јаде толку многу слатки и ќе го имате истиот ефект.

Ако сакате да го расположите Бикот, пофалете го неговиот или нејзиниот изглед. Исто така, пофалете го и трудот на таа личност, кажете ѝ дека е вредна.

БЛИЗНАЦИ

Ако сакате да го изнервирате овој знак, доволно е да му кажете да не ги озборува луѓето. Исто така, ако ја навредите неговата интелигенција на кој било начин, очекувајте бурна реакција.

Ако сакате да ги расположите Близнаците, однесете ги на „трач партија“.

РАК

Ако сакате да го изнервирате овој знак, кажете: „Не е добро што си толку приврзан за семејството“ или „Треба да бидеш потолерантен кон другите“.

Ако сакате да го расположите Ракот, одете во неговото „гнездо“, восхитувајте се колку таму сè е убаво, но не ги менувајте премногу неговите активности или вообичаениот тек на работите.

ЛАВ

Лавот тешко поднесува кога не е во центарот на вниманието. Ако го игнорирате, ќе видите што ќе ве снајде.

Ако сакате да го расположите Лавот, само оставете го да се фали и еден монолог ќе биде доволен за неговото его.

ДЕВИЦА

Ако зборувате колку што е можно понеправилно или гласно, сигурно ќе предизвикате бес кај Девицата. Овој знак не поднесува неорганизираност.

Прашања за купување облека и препораки за книга ќе бидат полн погодок да измамите насмевка на лицето на Девицата.

ВАГА

Избегнувајте компромис и контрирање. Тоа ќе ја извади од такт. Исто така, притиснете ја Вагата да донесе брза одлука и ќе полуди.

Ако сакате да ја расположите Вагата, бидете фини, покажете дека сте подготвени да се договорите за сè.

СКОРПИЈА

Обидете се да не ѝ ги раскажете на Скорпијата деталите кои ја интересираат, правете сè како што вие сакате и бидете мистериозни. Токму тоа ќе ја изнервира Скорпијата.

Ако сакате да ја расположите Скорпијата, обидете се да ѝ удоволите. Не ѝ го одземајте драгоценото слободно време и не ѝ поставувајте премногу прашања.

СТРЕЛЕЦ

Ако сакате да го изнервирате Стрелецот, кажете му дека мора да направи нешто, дека нема да има одложување. Кажете му на Стрелецот дека е неодговорен и несериозен. Дајте му да заврши некоја досадна работа. Нема да биде среќен.

Ако сакате да го расположите Стрелецот, дајте му ја целата слобода на светот да работи и создава.

ЈАРЕЦ

Ако сакате да го изнервирате Јарецот, кажете му дека ќе доцните и дека роковите за правење нешто се одложени или поместени.

Ако сакате да го расположите Јарецот, пофалете го за сработеното.

ВОДОЛИЈА

Ако сакате Водолија да биде бесна, кажете ѝ да забави.

Ако сакате да ја расположите Водолијата, не ја иритирајте со нелогични изјави и не ја задушувајте нејзината слобода.

РИБИ

Овој знак не сака состаноци во раните утрински часови, како ни приказни за здрав живот, здрава храна.

Ако сакате да го расположите овој знак, отворете флаша пијалок или одведете ги Рибите на двочасовен разговор покрај кафе, опуштање во кино.

Слични содржини