Што научија лекарите за борбата против коронавирусот?

од Vladimir Zorba
273 прегледи

За шест месеци откако започна да се шири новиот коронавирус низ целиот свет, лекарите и болниците научија многу за тоа како да лекуваат пациенти со КОВИД-19, потенцијално смртоносно заболување предизвикано од вирус.

Она што лекарите го научија за борбата против КОВИД-19, го сумираме накратко:

* Пациентите се изложени на зголемен ризик од згрутчување на крвта и разредувачите на крвта можат да помогнат.

* Поставувањето на пациентите на нивните стомаци го олеснува притисокот врз белите дробови – дури може да ја елиминира потребата за механичка вентилација.

* Покрај респираторниот систем и белите дробови, коронавирусот може да зарази и други органи како што се срцето, црниот дроб, бубрезите и мозокот.

* Најветувачки третман досега е антивирусниот „Ремедезивир“ и стероидот „Дексаметазон“ за лекување на воспаленија. Третиот „лек“ е плазма донирана од пациенти кои имаат антитела на оваа болест.

* Поширокото тестирање и побрзите резултати помагаат во олеснување на притисокот врз болниците.

* Размената на информации помеѓу здравствените работници низ целиот свет е исклучително важна.

* Превенцијата е на критично ниво. Лекарите се потпираат на јавноста да ја заврши својата работа со добра хигиена, маски и социјално дистанцирање.

Еве и кои се некои од најголемите непознати:

* Точно кои третмани ќе функционираат и за кои пациенти.

* Колку брзо некои третмани ќе станат широко распространети, особено со „Ремедезивир“.

* Колку време ќе трае за да се опорават пациентите со КОВИД-19?

* Долгорочните ефекти на инфекцијата.

Слични содржини