Што нè очекува во сексот во април според хороскопскиот знак (Прв дел)

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Месец април е исполнет со сексуална енергија, која е и доста интензивна.

По завршувањето на ретроградната Венера, на 15-и, претстои да поминеме многу време во размислување за активностите меѓу чаршафите. И ако нашите потреби не се задоволени, сега е времето да се разбере она што треба да се случи, за да го промениме тоа.

Каков се очекува да биде овој месец во сексуален план за претставниците на различните знаци?

Овен

Во април сте подготвени да донесете повеќе мир и спокојство во сите области на љубовниот живот. Ќе копнеете и за повеќе романтика, затоа не двоумете се да ги извадите свеќите од орманот.

Ако сте неврзани, ќе се појават неколку прашања во врска со започнувањето врска и дали таа е само секс или има потенцијал да се претвори во нешто повеќе. Одговорете за себе на ова прашање и анализирајте како тоа ве тера да се чувствувате.

Бик

Вие знаете што сакате во кревет, бикови, и овој месец не се грижите да си го побарате. Не треба да се грижите, бидејќи ве очекуваат сексуални искуства во април, вклучувајќи ги и експериментите кои одамна сакате да ги пробате.

Сепак ќе се чувствувате раздвоени меѓу пријателите и интимните средби. Сè ќе биде во ред, само треба да го планирате подобро времето.

Близнаци

Од фундаментално значење е да пуштите малку пареа во спалната соба, особено во април. Овој месец работата ќе биде важна и ќе имате бесрамна потреба да се ослободите од стресот.

Игривата енергија на пролетта гарантирано ве тера да се чувствувате секси меѓу чаршафите, затоа не треба да се грижите да пробате нешто ново, како флерти долна облека на пример.

Рак

Лесно е да се стресувате за работа, сметки и други фактори од секојдневниот живот. Во овој месец, сепак е многу важно да се активирате во кревет и да се потрудите на време да ја подобрите физичката и емоционалната поврзаност со партнерот.

Неврзаните треба да се ослободат од сомнежите и да имаат доверба што на крајот ќе биде наградена.

Лав

Квалитетниот секс вклучува земање и давање, а во овој месец претстои многу од овој процес. Не треба да се заборави дека отворената комуникација помага на интимноста и ги подобрува односите со партнерот.

Не е лошо неврзаните да се во потрага и ако сретнете партнер кој се однесува себично во кревет, не двоумете се да ги прекинете односите.

Девица

Основното правило за овој месец е: Не се враќајте кај поранешниот / поранешната! Дури и сексот да бил одличен, има причина повеќе да не сте заедно, нели?

Покрај тоа, ќе сакате да продолжите да ги развивате талентите. Затоа не двоумете се да го користите новото движење, кое би требало да доведе до двоен оргазам, со малку пракса ќе стигнете дотаму.