Ако во 2000 година сте биле во своите позрели години, сигурно се сеќавате манијата по различните логоа на брендови.
Во овој дух, има едно лого што нема како да биде заборавено – LV. Култниот монограм на Louis Vuitton се открива лесно врз чанти, носени од страна на познати личности од Парис Хилтон до Анџелина Џоли.
Но, постои многу повеќе зад луксузната марка, од само ѕвезди како клиенти. Всушност, оваа модна куќа чува во своите архиви долга и извонредна приказна која успева да се наметне како културен феномен во сите овие години.
Ги селектиравме специјално за вас некои од најинтересните и шокантни факти зад Louis Vuitton – видете ги.
1. Почетокот
Луј Витон Малетие ја започнуваа својата кариера кога има едвај 16. Професионалнатаориентација во тоа време е творец на патнички куфери.
2. Креирање
Модната куќа Louis Vuitton е основана во далечната 1854 година.
3. Катанецот
Синот на Луј Витон, Џорџ, ја наследува империјата по смртта на неговиот татко. Токму наследникот е вистинскиот творец на култниот катанец, која до ден-денешен останува еден од најпрепознатливите детали на додатоците Louis Vuitton.
4. Безбедност
Таткото и синот биле толку сигурни во својата иновација меѓу бравите и механизмите за заклучување што дури го поканиле познатиот американски илузионист Хари Худини, да проба да ја отклучи. Предлогот за јавна демонстрација е одбиен.
5. Оригиналност
Обележје за брендот се шарите, со кои се изработуваат производите. Нивната деби презентација беше во 1896 година со цел борба против фалсификатите.
6. Растечки тренд
Во 1914 година, најголемиот бутик во тоа време на продавница за куфери и патни торби беше отворен токму од брендот. Тој, природно, се наоѓал во Париз.
7. Мајсторство
За сите овие години, од создавањето на модната куќа до денес, мајсторството секогаш е на прво место. Интересен факт е дека до денес, секое помагало под името Louis Vuitton се изработува на рака во Франција.
8. Инспирација
Култниот монограм на модната куќа всушност е вистинската инспирација на Салвадор Дали за создавање на “Далиграм”. Дали ја користел идејата да го создаде својот дизајн, со имплементирање во него на сопствени симболи, иницијали како и оние на неговата сопруга Гала.

Фото: Reuters