Што по инцидентите во Подгорица, Филиповиќ: Се испраќа порака кон Анкара, но и до властите во Приштина, домашната јавност во Србија и меѓународните актери што ја следат стабилноста во Западен Балкан

„Ова не докажува директна команда или наредба за употреба на насилство во Црна Гора, но покажува политички контекст во кој односите меѓу Белград и Анкара се напнати“, вели Филиповиќ

од Nikola Popovski
36 прегледи Фото: Принтскрин

„Ова не докажува директна команда или наредба за употреба на насилство во Црна Гора, но покажува политички контекст во кој односите меѓу Белград и Анкара се напнати. Сепак, постојат индиции што не можеме да ги игнорираме“, вели црногорскиот аналитичар, Љубо Филиповиќ за хаосот во неговата земја кој владееше откако еден граѓанин беше нападнат во Подгорица за време на викендот, а државјани на Турција и Азербејџан беа приведени како осомничени за нападот. По овој инцидент следеа протести во земјата, како и напади врз имотот на турските државјани низ цела Црна Гора. Властите привремено го укинаа безвизниот режим за турските граѓани, и покрај противењето на дел од тамошната јавност.

Околу евентуално на кого се му се „обраќа“ српскиот претседател Александар Вучиќ и дали стои позади дестабилизацијата, црногорскиот аналитичар смета дека адресите се бројни.

-Прво, до Анкара се испраќа сигнал: испораката на беспилотни летала на Косово го вознемири Белград, па секоја реакција има и таква компонента. Второ, пораката има интрарегионален ефект – се упатува до албанските власти во Приштина, домашната јавност во Србија (за да се демонстрира „мобилноста на влијанието“) и меѓународните актери што ја следат стабилноста во Западен Балкан (ЕУ, НАТО), вели меѓу другото, Филиповиќ во разговор за „Локално“.

Црногорски аналитичар за „Локално“: Нема убедливи докази дека Белград стои зад тензиите во Подгорица, но има интереси на режимот на Вучиќ да го попречи патот на Црна Гора кон ЕУ