Што порача Ердоган по повод 28-годишнината од геноцидот во Сребреница?

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган се обрати со видео порака на комеморацијата во Поточари по повод 28-годишнината од геноцидот во Сребреница, јавува сараевскиот N1.

„На овој ден на жалост, изразувам искрено сочувство до семејствата на загинатите маченици и браќа и сестри Бошњаци. Да не се повторат злосторствата слични на геноцидот во Сребреница и да не дозволиме Сребреница да биде заборавена бидејќи заборавениот геноцид се повторува“, рече турскиот претседател на почетокот на своето обраќање.

Тој рече дека отворената рана во срцата на турскиот народ е отворена и крвари веќе 28 години.

„Секоја маченичка трагедија ни кажува да се сеќаваме и да лееме солзи. На сестрите и браќата Бошњаци чија болка е уште посилна секој 11 јули, им посакувам сабур. И покрај пресудите на меѓународните судови, во БиХ се уште има такви кои го негираат геноцидот. Ги осудувам овие луѓе без совест и овие жални изјави, а за жал има и такви кои ги поддржуваат“, рече Ергоан и ги повика сите преку дијалог да го зачуваат мирот на Балканот и во БиХ.

Слични содржини