Што претставува предизвикот „Супермен“ на ТикТок поради кој 11 деца завршија во болница?

од Nikola Popovski
221 прегледи

Единаесет деца завршија во Градската болница во Скопје по новиот предизвик „Супермен“ на социјалната мрежа ТикТок. Како што изјави директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Небојша Настов повредените деца се на возраст од 10 до 16 години и сите се од Скопје, а две од нив се со скршеници на рацете.

Објаснувајќи што е „Супермен“, Настов додава дека рацете на детето што го фрлаат се раширени како ликот на „Супермен“.

„Групата го фаќа и го фрла во воздух предизвиканото момче или девојче. Така ми објаснија. Не сум го видел и не можам да кажам со сигурност. Има и машки и женски деца“, додал Настов.

Вралниот предизвик „Летечки Супермен“ бара совршена координација и доверба меѓу учесниците. Според видеата што може да се видат на социјалнитемрежи, во овој предизвик има пет учесници.

@tala.alostwani

slomila sam zglob… @nola @𝔵𝔞𝔬𝔪𝔦 #malapalma #tiktok #fyp

♬ Watch mee – Sensei

Четворица од нив се држат за раце, формирајќи цврста основа, додека петтиот трча и им скока право во рацете, па изгледа како да лета, поради што овој предизвик е наречен „Супермен“.

Во тој момент децата со раце ги фрлаат своите „летечки“ пријатели во воздух.

Ако тоа не се направи правилно, може да доведе до падови и сериозни повреди, особено ако лицата кои треба да го фатат третиот учесник во предизвикот не го направат тоа правилно.

Слични содржини