„Што рече?!“: Медведев ги загуби нервите и сакаше да се пресмета со навивач (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Во моментов, светскиот рекет број еден во светот, Данил Медведев, нема по добро да го памети учеството на Мастерсот во Монтреал. Русинот веќе беше поразен во второто коло од Ник Кирјос со 2:1, а сега на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тенисерот влегува во расправија со навивач, каде мораше да интервенира обезбедувањето.

Имено, во текот на целиот натпревар меѓу Медведев и Кирјос, навивачите на теренот веднаш дадоа до знаење кој е нивниот миленик и отворено навиваа за Кирјос со секакви извици упатени до Медведев. Тоа не го исфрли Русинот од баланс за време на натпреварот, но го направи по него.

Додека Медведев одеше да ги извршува обврските со новинарите, навивачите продолжија да го напаѓаат, викајќи дека е „лузер“, што Русинот го издржа до еден момент, пред да се упати кон еден од навивачите, за веднаш потоа да биде запрен од обезбедувањето.