Што сакаат жените во кревет за да бидат среќни на долг рок? Одговорот е едноставен – романтика, пишува “Дејли Стар”, наведувајќи ги резултатите од истражувањето на 2.000 Британци.
Откако претходно истражување покажа дека над 80 проценти од партнерите се задоволни од сексуалниот живот во текот на првите шест месеци од врската, но по овој период 27 проценти од жените почнуваат да губат интерес, авторите на оваа студија се одлучиле да проверат што сакаат жените, да ги направиме среќни во кревет.
Новата анкета покажала дека претставничките на понежниот пол за време на секс со нивниот партнер бараат тој да биде романтичен и да демонстрира приврзаност – да ги милуваат, да ги бакнуваат и да им шепоти нежни зборови.
Студијата всушност открива дека не само за жените, но и за мажите романтичното однесување е стимулативно за сексот отколку порното, валканите изреки или состојба на возбуда.
Резултатите од посебна претходна студија покажуваат дека за жените, желбата за сексуален однос е исто толку важна како и љубовната игра пред неа.
Причината е дека при ваква близина се лачи хормонот на љубовта окситоцин, кој го зајакнува целокупното чувство на задоволство.