Што се органски намирници и како тие се одгледуваат?

од Elena Daskalova
418 прегледи

Органската храна е произведена на строго контролиран начин со цел да се заштити здравјето на луѓето и животната средина.

Органските производи се одгледани на незагадена почва и произведени со методи кои не се штетни по здравјето на луѓето, животната средина и природната рамнотежа.

При органскиот начин на производство и преработка на храна се дава предност на употребата на материи и производи кои се добиени на природен начин. Употребата на вештачки ѓубрива, хемиски пестициди, хормони, конзерванси, адитиви, генетски модифицирани плодови и состојки или други синтетички материи е сведена на минимум, односно во најголемиот дел е недозволена. Името органски производ, односно органска храна, е дадено поради органските материи и методи со кои земјоделците ги заменуваат овие вештачки материи.

Повеќе за начинот на одгледување на органска храна и дали таа влијае врз здравјето, прочитајте ТУКА.

Слични содржини