Што се случува кога ерменските сили ќе заробат азербејџански војник? (видео)

од Nikola Popovski

Ерменските сили објавија видео на кое се гледа како неколку ерменски војници фаќаат азербејџански војник.

Тие го извлекле жив од блиндиран транспортет, борбено возило и тој веројатно бил единствениот преживеан од страшниот напад на ерменските сили.

На видеото се гледа како Азербејџанецот е многу исплашен и плаче, додека еден од војниците од спротивниот табор го носи пред неговите соборци, држејќи го за рака.

Засега не е позната судбината на азербејџанскиот војник, но тој веројатно е жив и чека да биде разменет за време на сегашното нарушено примирје меѓу двете земји, кои што го потпишаа во Москва.

Ова не беше случај со многу заробени ерменски војници, бидејќи тие станале предмет на злоупотреба, осакатување и брутална ликвидација од страна на азербејџанските сили. И не само војници, туку и цивили, со што јасно е прекршена Конвенцијата за човекови права, според Женевската конвенција.

Слични содржини