Што се случува кога ќе го исклучите пристапот до социјални мрежи една седмица?

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Можете ли да си го замислите светот без Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Снапчат? Веројатно не. Но, ако сте на возраст над 25 години, сте живееле во времиња во кои детството и пубертетот беа повеќе од селфита, онлајн игри и флертување во социјалните мрежи. И денот не беше толку здодевен, лишен од информации и бесцелен!

Што би се случило ако се лишите од пристап до социјалните мрежи за една недела?

Немојте така, не е толку лоша идеја. Практично ќе најдете прилично придобивки и може и да го претворите во традиција барем на 2-3 месеци, бидејќи …:

1. Ќе најдете дека имате доста имагинарни пријатели

Особено ако сте навикнати да споделувате што ви се случува во мрежата. И ете, при првата “криза” на денот ќе треба да ја споделите со реален пријател! Таков кој нема да ви одговори со емотикон, а ќе може да ви навлезе во состојбата и дури да ве смири квалитативно по телефон. Убаво е, нели?

2. Ќе спиете подобро

Веројатно затоа што нема да истражувате во екранот среде ноќ и така нема да ги иритирате очите и нервниот систем. Како резултат сонот ќе е подлабок, поквалитетен и ќе се разбудите поодмарени.

3. Ќе бидете помалку напнати и под стрес

Да си редовен и доследен во социјалните мрежи бара напор. Трошите многу емоции, гледајќи ги туѓите постови и размислувајќи што да ставите во својот профил – тоа е напор што ве прави нервозни и дефокусирани во текот на денот.

4. Ќе бидете поефикасни на работното место

Уште првиот ден ќе забележите колку работа може да завшрите за два пати помалку време, кога не истражувате во социјалните мрежи.

5. Добивате повеќе квалитетни информации

А сепак, нема да останете “на темно”! Запрете го пристапот до Твитер и Фејсбук, а не до интернет. Што значи дека повторно ќе добивате доста и различни информации, само од сигурни извори. Може да се проверат новинските сајтови или дури да фрлите око на некој таблоид за одмор, наместо да читате различни “умни мисли”, да ја обработувате фармата и т.н.