Што се случува кога ќе ја намокриме четката за заби пред да ја нанесеме пастата?

од Stefanija Kuzmanovska
564 прегледи

Иако сите би помислиле дека до сега треба да знаеме да ги миеме забите, според експертите, многумина од нас прават една голема грешка кога станува збор за одржување на оралното здравје.

Имено, стоматологот Сахил Пател за „Mirror“ открил дека една од најголемите грешки што можеме да ја направиме при миењето на забите е да ја намокриме четката пред да ја нанесеме пастата.

„Ако редовно ја влажните четката за заби пред да ѝ ставите паста, всушност ја разредувате. Пастата за заби веќе ја содржи вистинската количина на влажност. Ако е мокра, побрзо се пени и ве тера порано да ја исплукате“, објаснува стоматологот.

Покрај мокрењето на четката пред да ставите паста за заби, исто така напоменува и дека голем број луѓе не ги мијат забите правилно или доволно темелно.

Слични содржини