Српскиот Народен правобранител Зоран Пашалиќ вчера во Окружниот затвор го посетил наставникот по глума Мирослав Алексиќ, осомничен за силување и сексуално злоставување на десетина негови ученички.
Пашалиќ разговарал со Алексиќ за условите и третманот во затвор по жалбата на адвокатот на Алексиќ, Зоран Јаковлевиќ.
– Ова е редовна посета на Окружниот затвор во Белград, меѓу другото разговаравме со г-дин Алексиќ, но и други притвореници за условите во притворот, во однос на условите за сместување, здравствената заштита и односот на персоналот кон притворените – рече Народниот правобранител .
Тој откри дека Алексиќ не се жалел на својата позиција во затворот, туку на должината на постапката, односно должината на притворот.
– Тоа беше темата, но морам да додадам дека Заштитникот на граѓаните нема овластување да утврдува валидност на постапките на обвинителството и судовите – објасни Пашалиќ.
Потсетуваме, Алексиќ е обвинет дека, во периодот од 2008 до 2020 година, извршил осум кривични дела силување од член 178 од Кривичниот законик и седум кривични дела недозволена сексуална активност на штета на шест оштетени страни, од кои една е малолетна, кон другите оштетени се преземале извршни дејствија додека биле малолетни и по полнолетството.