Во Барселона се крена сериозна врева поради Дани Олмо, чија регистрација и престој во клубот бараше клубот да обезбеди значителен прилив на финансиски средства, а сега шпанскиот репрезентативец повторно се најде во центарот на вниманието на медиумите во својата татковина.
Според „Мундо Депортиво“, Барселона од превентивни причини направила генетска анализа на Дани Олмо, со цел да го минимизира ризикот од повреди во иднина.
Споменатиот весник наведува дека сите резултати биле позитивни, а тренерите на каталонскиот клуб сега врз основа на нив ќе го приспособат тренинзите на Олмо, за да го подигнат неговиот потенцијал и кондиција на највисоко можно ниво.
Олмо нема да биде единствениот играч кој ќе го добие овој третман, бидејќи се очекува наскоро и други играчи да бидат подложени на тестирање.
Офанзивниот играч за врска пристигна во Барселона минатото лето од Лајпциг за 55 милиони евра, а оттогаш забележа 21 настап, постигна шест гола и три асистенции.