Што се случува со нашето тело ако не јадеме цел ден?

од Stefanija Kuzmanovska
598 прегледи

Во последно време во светот се попопуларен е таканаречениот еднодневен или 24-часовен пост. Како што пишува Healthline, во тој период се дозволени само калориски неутрални пијалоци, додека по 24 часа лицето може слободно да се врати на вообичаената исхрана.

Што всушност се случува со нашето тело кога не јадеме цел ден? Експертите објаснуваат дека се случуваат неколку промени.

Покрај симнувањето на несаканите килограми, еднодневниот пост може позитивно да влијае на метаболизмот и кардиоваскуларното здравје. Она што лекарите сепак го препорачуваат е да не се претера бидејќи ваквиот режим на исхрана може да предизвика чувство на голема глад, но и да доведе до несакани компликации кај лицата со одредени здравствени состојби.

Нашето тело ќе почне да ги покажува првите реакции по осум часа нејадење. Имено, после тој период ќе почне да ги користи складираните масти за да ја добие потребната енергија за нашето секојдневно функционирање. Диететичарите нагласуваат дека секој пост подолг од 24 часа може да предизвика телото да почне да користи складирани протеини за енергија.

Останатите промени се:

-губење на килограми
-намалување на холестеролот
-намалување на ризикот од срцеви заболувања
-намалување на воспалителните процеси во телото
-намалување на ризикот од одредени видови на рак
-поттикнување на чувството на контрола над јадењето
-намалување на шеќерот во крвта.

Меѓутоа, ако пречесто се свртуваме кон овој тип на пост, тоа може да доведе до непријатни несакани ефекти, како што се глад и раздразливост, недостаток на хранливи материи во телото, губење на енергија, зголемен ризик од аритмија и хипогликемија и тешкотии со концентрација или меморија.

Слични содржини