Што се случува со вашето тело ако станете ПРЕД 7 часот наутро? Овие 5 РАБОТИ ќе ве натераат да размислите

од Vladimir Zorba
952 прегледи

Ако сакате да спиете и би направиле се за уште 15 минути сон, станувањето рано веројатно е вистинска агонија за вас.

Сепак, експертите истакнуваат дека ранобудниците имаат голема предност пред другите.

А особено е важно да се разбудите пред 7 часот наутро.

Еве зошто е добро за вашето тело:

1. Имате време да се разбудите

Истражувањата покажуваат дека добро познатото „утринска успореност“ трае меѓу два и четири часа. Доколку се разбудите во 8:30 за да бидете на работа во 9 часот, многу е можно да не бидете подготвени веднаш да почнете да ги исполнувате обврските. Со будењето порано, му давате шанса на вашето тело да се разбуди природно. Иако на почетокот ќе ви биде потешко да станете порано, подоцна кога тоа ќе стане дел од вашата рутина, ќе бидете благодарни и ќе забележите дека имате повеќе енергија.

2. Помал ризик од депресија

Оваа ставка се однесува на жените. Студијата објавена во списанието за психијатриски истражувања покажа дека жените кои се будат порано имаат помал ризик од развој на ментални болести како депресија, анксиозност, нарушувања на расположението итн. Ова има смисла особено ако го погледнеме фактот дека сонот го регенерира нашето здравје.

3. Пооптимисти сте

Според една студија од 2014 година, ранобудниците се помалку склони кон негативни и тешки мисли од оние кои остануваат будни до доцна. Многумина од нас се соочуваат со стресни мисли пред спиење, поради што обично не можеме долго да спиеме. Иако нема копче за такво нешто што едноставно би ги исклучиле мислите, важно е да се работи на размислување за убави нешта.

4. Ранобудниците се поуспешни

Кога станува збор за деловниот успех, утринскиот тип на луѓе е далеку во водство – тврди биологот Кристоф Рендлер.

Тој објасни дека неговото претходно истражување, кое опфатило 367 студенти, покажало дека оние што станувале порано добивале подобри оценки, што на крајот ги довело до одлични деловни можности.

Утринскиот тип на луѓе се повеќе склони да се справуваат со проблеми. Тие се попроактивни, што им овозможува подобро да успеат на полето на кариерите – додава тој.

5. Подобар квалитет на сон

Бројни студии покажаа дека оние кои стануваат рано имаат многу подобар квалитет на сон.
„Ноќните птици“ имаат тенденција да развијат нарушувања на спиењето, па затоа спијат помалку од луѓето кои го започнуваат денот порано. Постојано слушаме колку е важно да му дадете на телото осум часа сон и како тајната на здравјето и убавината лежи во тоа.

Но, нема да можете да го направите тоа ако продолжите да го „одложувате ѕвончето“ за будење наутро. Оние кои ќе легнуваат порано навечер полесно ќе заспијат и ќе се одморат.

Слични содржини