Што си кажаа по телефон Шеќеринска и потсекретарот за одбрана на САД за политички прашања Кал?

од desk4
171 прегледи

„Капацитетите на Армијата се и капацитети на НАТО, а целосната посветеност на вредностите на Алијансата, се гледа од учеството на армиските припадници во мисиите на НАТО“. Ова му го рекла министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, во телефонскиот разговор на потсекретарот за одбрана на САД за политички прашања Колин Кал, пишува во соопштението од Министерството за одбрана.

-Стабилниот раст на одбранбениот буџет, реализацијата на отпочнатиот процес на модернизација, како и одржувањето на интензивниот процес на тренинг и извежбување, остануваат приоритети на Армијата, рекла Шеќеринска.

Потсекретарот за одбрана Кал, пак, изразил поддршка за реформските процеси и процесот на модернизација на Армијата.

– САД продолжуваат да бидат ваш искрен и верен сојузник, партнер во развојот на одбраната, но и на реформските процеси и модернизација на Армијата, и рекол Кал на Шеќеринска.

Двајцата соговорници заклучиле дека е направен е исклучителен напредок и денеска земјата е полноправна членка на Алијансата која годинава ќе постигне целосна воена интеграција во структурите на НАТО.

Армискиот полигон „Криволак” кој се развива со поддршката на САД, годинава беше домаќин на македонско-американската вежба „Одлучен удар”. Полигонот доби високи оценки околу можностите за реално извежбување и развој на интероперабилноста помеѓу земјите-членки.