Што си рекоа судиите при првиот пенал за Тотенхем?

од Vladimir Zorba

Судијата Џон Мос, кој вчера досуди два контроверзни пенали за Тотенхем, не беше сигурен за првата ситуација во која беше нејасно дали Дејан Лорен ја допрел топката или не при пасот кон напаѓачот.

Ако дефанзивецот не го сторил тоа, тогаш Кејн би бил во офсајд, ако има допир, тогаш нема офсајд. Мос долго време разговараше за ситуацијата со неговиот помошник, Ес Смарт, како и со четвртиот судија, Мартин Аткинсон, пред да ја задржи својата почетна одлука.

„Сакам да знам дали Ловрен ја допре топката?“, прашува Смарт.
„Не знам“, вели Мос.

„Ако не постои допир до топката, тогаш има офсајд и мора да го поништиме пеналот“, додава тој.

„Морам да бидам сигурен дали Ловрен ја допира топката. Ако го сторил тоа, тогаш има пенал. Ако не, тогаш тоа е офсајд“, вели Смарт.

„Не знам дали Ловрен ја допира топката, искрено. Мартин, гледаш ли нешто од телевизија? Ќе досудам пенал“, вели Мос.

Слични содржини