Што смета Германија за изјавата на Макрон дека „ако сме сојузници на САД, не сме вазали“?

од Nikola Popovski
130 прегледи

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок ги намали разликите во Европската Унија по неодамнешните изјави на францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Кина. Министерката е првиот германски официјален претставник што ја коментираше изјавата на Макрон дека „сојузник на Вашингтон не значи дека да се биде нивен вазал“.

Бербок истакна дека во средата Макрон „уште еднаш нагласи дека политиката на Франција кон Кина ја одразува политиката на ЕУ кон Кина“, пренесува Хина, јавуваат медиумите.

„И покрај разликите, една од предностите на ЕУ е тоа што не само што сме блиски еден до друг, туку следиме заеднички стратешки пристапи за централните прашања на нашите интереси и вредности“, рече Бербок.

По тридневната државна посета на Кина минатата недела, Макрон ја повика ЕУ да заземе понезависен став кон Тајван, нагласувајќи дека ЕУ треба да одржува еднаква дистанца кон Кина и САД.

„Важен знак“

Бербок истакна дека Макрон ја посетил Кина во исто време со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, опишувајќи го како „исклучително важен знак“.

„Имајќи предвид дека Германија и Франција се дел од истиот внатрешен пазар на ЕУ, различните позиции за Кина, главниот трговски партнер на блокот, би биле невозможни, изјавила шефицата на германската дипломатија.

„Германската влада поблиску ја координираше политиката со „нашите пријатели во Франција“ отколку со која било друга земја во ЕУ“, рече Бербок.

Слични содржини