Што треба да направите кога притисокот ви е низок?

од Elena Daskalova
434 прегледи

Нискиот притисок е проблем кој најчесто е изразен кога е многу топло, многу ладно, кога времето е променливо или накратко кажано, цело време…

Што можете да направите ако притисокот ви е низок?

Во прв момент, додадете малку повеќе сол во храната или испијте јогурт во кој исто така имате додадено сол. Кафето може да ви помогне краткотрајно, па затоа не пијте по неколку кафиња, туку еднаш во денот испијте зелен или црн чај.

Кога забележувате дека ви се врти, избегнувајте нагло да станувате од седечката или лежечката положба, не кревајте тешки предмети и не се преморувајте со физичка работа.

Помогнете си и со храната, јадете салата од цвекло и домати, маслинки и пијте доволно вода. Најважно од сè е дека не треба да се туширате со многу топла вода, ниту да лежите во топла када. Правете го тоа со млака вода и набрзина.

Слични содржини