Дечки, треба да знаете дека за да станете мажи, мора да научите најмногу да бидете одговорни.
Тоа дека веќе сте ја поминале адолесценцијата, воопшто не значи автоматски дека сте зрели и подготвени да се грижите за други луѓе како глава на домаќинството.
Пред тоа треба да научите некои животни лекции кои ќе ви помогнат во оваа транзиција од момче до маж.
Еве и 5 од нив:
1. Треба да можете да си направите самопроценка
Вистинскиот маж треба да биде во можност да ги признае своите силни и слаби страни.Тој не треба да се срами од тоа што не може или од она во кое не е совршен, но не треба да чувствува и супериорност во работите во кои е добар. Само човек треба да е подготвен да се учи постојано и никогаш не треба да се срами да побара помош.
2. Треба да научите да се однесувате кон другите со респект
Вистинскиот маж се однесува со почит кон другите луѓе и особено кон жените. Мажите треба да поседуваат витешки вештини и да се подготвени да ја отворат вратата или да го извлечете столот за дамата.
3. Треба да можете да откривате емоции
Вистинскиот маж може да плаче. Тој може да покажува емоции без срам.Општеството вели дека мажите треба да се силни и тоа е точно, но човек може да е силен и чувствителен истовремено.Нема ништо лошо во тоа да можете да го изразувате јасно начинот на кој се чувствувате. Тоа е фер и доблестна постапка.
4. Не треба да станувате роб на егото
Момчињата имаат големо его, но кога тие ќе пораснат и ќе станат мажи, егото им се намалува, што е добро. Нема смисла да се мерите со другите – ако вие имате квалитети, нема кој да ве засени. Бидете свои и не дозволувајте другите да ви влијаат премногу.
5. Треба да научите да изградите позитивни односи
Без разлика дали станува збор за љубовна врска, за пријателства или за зближување со колегите, еден вистински маж треба да умее да гради односи со другите. Најдобрите, вистински мажи, ги сфаќаат резултатите од своите активности и разбираат колку деградирачка е негативноста.