Што треба да знаеме за Google Watch?

од desk4
61 прегледи

Google нуди сопствена серија смартфони наречена Pixel, а на есен се очекува да го претстави својот прв паметен часовник. Претстојниот уред ќе биде само еден од новите производи со овој бренд, над кои работи компанијата и вклучуваат уште втора генерација на слушалките Pixel Buds. Податоците се од популарниот блогер @evleaks, кој постојано открива доверливи информации за претстојните производи од водечките компании. Желбата на Google да претстави свој часовник е многу интерена идеја.

Премиерата на Google Watch ќе одбележи силна промена во стратегијата на компанијата, која досега се потпираше на други производители како LG и Fossil Group, кои ќе создадат хардвер, кој работи со Wear OS. Новиот уред ќе биде развиен од Google и ќе стане директен конкурент на Apple Watch. Во моментов се тестираат три паметни часовници со името Google Watch, кои се со кодни имиња Ling, Triton и Sardine. Корисниците исто така ќе можат да изберат конфигурации со 3G / 4G поддршка.

Трите верзии ќе имаат различни големини и ќе работат на Qualcomm процесорите. Оптимизациите на софтверот ќе овозможат на Google Watch да понудат долг век на траење на батеријата, со кој не може да се пофали ниту еден часовник со Wear OS. Други карактеристики вклучуваат GPS чип и вграден сензор за отчукување на срцето. Официјалната премиера ќе биде во октомври, кога ќе видиме нова верзија на Wear OS. Сè уште немаме информации за цената на Google Watch.