Што задржаа како сувенир од сетот ѕвездите од „Пријатели“?

од Stefanija Kuzmanovska

Одбројувањето до специјалната епизода и новиот собир на „Пријатели“ започна.

Сè се вжештува, а Џенифер Анистон уште еднаш ја покажа својата духовита страна и откри интересен детал од сетот за кој се молчеше со години.

Иако Рејчел Грин беше позната како тренди девојка во серијата „Пријатели“, кога станува збор за „земање сувенири“ од сетот, Џенифер Анистон посегна во гардеробата на друг лик.

Имено, за време на интервју за американски магазин Џенифер Анистон (52) откри дека пред повеќе од една деценија, од гардеробата на нејзината пријателка Кортни Кокс, која ја играше Моника Гелер, зела специјално парче облека од сетот на „Пријатели“.

„Отидов кај нејзиниот плакар на сетот и зедов фустан што го носеше Моника“, откри Анистон и додаде дека една деценија подоцна сепак сака да го носи во многу комбинации.

„Јас сè уште го чувам и го носам. Сè уште ми одговара. Тоа е цветен фустан со црна тантела и оние мали, ситни цвеќиња, V-врат и мали ракави“.

И додека Кортни Кокс не „украде“ ништо од сетот, Лиза Кудроу ги зеде прстените што ги носеше нејзината Фиби Бафе како сувенир, како и теглата со колачиња „Време за колачиња“, што за неа ја зеде Метју Пери.

Дејвид Швимер реши да го украси својот дом со постер на „Професор Гелер“ од неговата музејска канцеларија, а некое време се возеше со регистарската табличка „Ги сакам пријателите“, која, иако не знаеше, му ја инсталираше Мет Лебланк. Како што откриле, му требало една недела да го забележи тој детал.

Слични содржини