Дали се сеќавате на она “Зеленчук кој не јаде, тој голем не ќе порасне”?

Зеленчукот е главна храна, за набавка на потребните витамини и минерали, за одржување на здравaта состојба на телото и се разбира погоден за луѓе кои сакаат да имаат избалансирана тежина.
Највообичаен начин за конзумирање на оваа храна е во форма на салата. Во светот постојат над 3.000 вида салата, а секоја земја има своја традиционална.
Во Македонија тоа е шопска салата.
foodpanda, разгледа што зборува за вас изборот на салата.
Шопска салата – Вие сте полнии со енергија и многу силно насочени кон успехот по секоја цена. Вашето оружје е остриот ум и избезумената страст која ја поседувате.
Овчарска – Вие сте малку мистериозна личност, која може да биде потешко откриена од вообичаеното. Често запаѓате во длабоки размисли, та дури тие да бидат од сортата “Да јадам ли маслинки денес или не”.
Капрезе – Вие сте луѓе на ексцесите. Може да љубите силно, но и да мразите силно. Моќните личности сте, кои не сакаат да покажуваат чувства пред светот. Знаете како да го добиете она што го сакате и да го наметне своето мислење.
Грчка – посветени и грижливи, свртени со широка насмевка на светот. Често ги промовирате либералните и демократски сфаќања кои според вас движат светот.
Витаминозна – Вие сте луѓе на забавата и бескрајна забава. Знаете дека животот е премногу краток и треба да го доживеете на возбудлив и незаборавен начин.