Што значат најчестите секси-соништа?

од desk4

Ви се случило ли да имате толку жежок сон што утрото потоа ви е срам да се погледнете во огледало, иако сето тоа било само сон?

Ситуацијата станува уште понезгодна ако сте биле „активни“ со некој од вашето секојдневие, што дури и поцрвенувате ако се сретнете со таа личност.

Но, не грижете се, не е ништо страшно, ниту пак имате скриена желба кон таа личност. Еве што тоа може да значи:

Со некој кого не го поднесувате

Ако се работи за поранешен партнер, ова е повеќе кошмар отколку обичен сон и воопшто не е знак дека треба да го/ја побарате и да се смирите. Овие соништа, всушност, се само манифестација на она што сте го имале во текот на врската – страст и возбуда. Ако не се работи за поранешен партнер, можеби вашата потсвест ви порачува дека треба да ги средите работите и да се ослободите од негативните чувства кон таа личност.

Со целосен странец

Можеби е некој што сте го виделе во бар, сте се разминале на улица, сте имале блиц-запознавање и не се сеќавате на името… Тогаш, што бара во вашиот жежок сон? Всушност, се работи за вашата потреба да прифатите дел од себе кој го потиснувате.

Со колега или претпоставен

Со нив поминувате голем дел од денот и сигурно е дека заземаат место во вашата свест и потсвест. Но, овие соништа се поврзани повеќе со борбата за напредок и авторитет, а најмалку со еротските нагони кои во реалноста воопшто не ни постојат.

Со наставник од школските денови

Овој сон има повеќе аспекти, во зависност од тоа дали бил некој кого сте го „пиеле“ со очи или сте се плашеле од него. Во првиот случај е само чист еротски сон, а во вториот случај се работи за надминување на некои стравови кои ви останале уште од детството.

Со повеќе луѓе

Оргиите во сонот се предупредување дека во реалноста ви се натрупале голем број проблеми и дека морате да почнете постепено да ги решавате, еден по еден, но и да направите една „генералка“ од отровните луѓе.

Слични содржини