Откако договорот меѓу Британија и Брисел е веќе факт можноста работниците во ЕУ да бидат лишени од социјални трансфери во одредени случаи постои.
Одлуките ќе влијаат посиромашните држави членки, чии граѓани емигрираат во други европски земји поради повисокиот животен стандард и плати. За да ги смират земјите од Источна Европа, чии граѓани се особено чувствителни на правото да работат во странство, и за да го задржат беспрекорно правото на слободно движење, врз кое се крепи целиот процес на европска интеграција, лидерите во Брисел се труделе да ги предвидат потребните услови и гаранции.
На прво место тие го задржаа правото граѓаните на ЕУ да можат слободно да работат на територијата на други држави членки. Договорот на синоќешната средба на Европскиот совет не може во никој случај да овозможи ограничување на работниците да прифатат понуди за работа во целата унија.
Во официјалните заклучоци по средбата, која заврши доцна во петокот, 28-те лидери истакнаа дека, сепак, неизбежно слободниот пазар на ЕУ и нехармонизираните социјални системи доведуваат до разлики во животниот стандард и платите. Тоа ги прави некои земји поатрактивни од другите.
Во овој став се одразува главната дебата од вчерашната средба – посиромашните држави од Источна Европа беа најсилно спротиставени на барањата на Велика Британија, бидејќи нивните граѓани, кои емигрирале во други европски земји најмсериозно ќе настрадаат од секое ограничување на социјалните плаќања за работници. Бугарија е меѓу тие земји.
Le Monde: оклопната тупаница од тенкови Т-90 “Владимир” тргна кон џихад престолнина Рако
Во заклучоците е внесено дека, како што побара Лондон, при миграцијата на работници во големи трансфери, земјите ќе можат да предвидуваат рестриктивни мерки за да ги заштитат социјалните системи:
“Оправдано е да се земе предвид како на ниво на Унијата, така и на национално ниво, без да се предизвикува неоправдана директна и индиректна дискриминација, да се предвидат мерки за ограничување на движења на работници кои се во таков размер што ќе имаат негативни последици како за земјите членки на потекло, така и за земјите членки од дестинацијата “.
За да не се наруши принципот на слободно движење, европските лидери се одлучија да го оправдаат создавањето на овој механизам и наведуваат дека огромен прилив на работници кон одредена членка може да доведе до ризик за “јавниот ред, јавната безбедност или јавното здравје” – сфери, во кои имаат право да дејствуваат самите национални влади, а не правото на Унијата.
Сепак ограничувањата можат да бидат наметнати само во случај да се пропорционални на вметната легитимна цел (на пр. Стимулирање на вработеноста, намалување на невработеноста, заштита на ранливи работници и спречување на сериозни оштетувања на социјалните системи на земјата членка).
Многукратно е потврдено, сепак, дека ограничувањата на социјалните додатоци не можат да се наметнат дискриминативно – на пример против граѓаните на само некоја конкретна земја член.
Експлицитно се потсетува дека слободата на движење и на слободно живеење на европските граѓани, кои не работат, е дозволено, ако тие имаат “доволно средства за себе и за членовите на своето семејство, со цел да не се претворат во тежина за системот за социјална помош на земјата членка “и ако се здравствено осигурани.
“Земјите членки имаат можност да одбиваат социјални бенефиции на граѓани кои остваруваат слободата на движење само со цел да добиваат социјална помош од друга земја членка, под услов да немаат доволно средства за да добијат право на престој”, пишува во заклучоците .
Како што и до сега беше ситуацијата во ЕУ, на граѓани кои во моментов бараат работа во земја членка и затоа живеат на нејзината територија, може да им се одбиваат социјални додатоци – тоа целосно зависи од одлуката на самата држава и одбивање на социјална помош од овој тип не може да доведе до казна од ЕУ.
Кои ќе бидат новите правила во ЕУ по средбата?
Ако децата на Бугари (истото важи и за македонците со Бугарски пасоши) кои работат во Германија на пример, живеат во Бугарија, а на родителите им се плаќаат детски додатоци од германскиот општествен систем, тогаш големината на овие додатоци ќе биде усогласен со државата во која престојува детето – т.е. ќе биде еднаков на детските додатоци во Бугарија, а не во Германија, каде што се значително повисоки. Се разбира, тоа индексирање на големината на детските додатоци нема да е обврска за земјите членки, тие ќе го користат во своето дискреционо право, ако сакаат да заштедат на пари во социјалните системи.
Од 1 јануари 2020 година ќе може да се промени големината на детските додатоци, кои биле започнати да се отплаќаат пред да се предвиди овој механизам.
Системот за индексирање ќе се користи само за овој тип социјални плаќања и нема да се однесува за друг тип поддршка што може да се пренесува во земја различна од онаа во која работи односното лице – на пр. пензиите за старост нема да се индексираат.
Т.н.. “Предупредувачки и сигурносен механизам” (emergency break), во кој се предвидува запирање на социјални плаќања, ќе се активира кога за подолг период многу голем број луѓе ќе сакаат да работат во одредена држава членка и оваа држава се плаши од сериозно оптоварување на социјалниот систем.
Ова ќе се случува при докажан ризик од за “основни аспекти на системот за социјална сигурност” на државата, при сериозни тешкотии на работниот пазар или неможност нејзините јавни служби да функционираат ефикасно. Ограничувањата ќе влијаат на обесштетувањето за работните лица со ниски приходи.
За да се активира такво ограничување, државата членка треба:
1. да се информира Европската комисија за тешкотиите ;
2. да бидат разгледани од ЕК нејзините размислувања;
3. да и биде дозволено од страна на Советот на ЕУ да го ограничи исплатите на социјална помош.
Тоа повторно не е безусловно: тоа треба да се случи “во потребниот степен” и да влијае само врз социјалните плаќања кои не се врзани со сопствени придонеси на работниците во социјалните системи.
Тогаш државата членка ќе може да го ограничи пристапот на новодојдените работници со ниски примања до бенефиции за период од четири години. Рокот почнува да тече од моментот кога лицето ќе започне да работи во државата. Првично работникот нема да добива никакви бенефиции, а потоа постепено ќе му биде дозволен пристап до одреден вид на плаќања.
“Дозволата ќе биде за ограничен период и ќе се применува за новодојдените работници од ЕУ во период од 7 години”, гласи конечната одлука.
Предвидените нови механизми не се однесуваат само за Велика Британија, иако барањата на Лондон беа моторот на овие промени. Секоја земја членка на ЕУ ќе може да ги искористи од овие мерки.
Дали ќе станат конечен факт сепак зависи исклучиво од тоа дали Велика Британија ќе остане во Европската унија. Ако на претстојниот референдум на Островот граѓаните одлучат да останат дел од заедницата, од тој момент натаму одлуките на Европскиот совет ќе влезе во сила и ќе се започне со работа во соодветните законски измени.
Ако исходот од референдумот е одбивање на Британците да останат во Европската унија, тогаш целата зделка меѓу Лондон и Брисел ќе пропадне и промените нема да се реализираат.
