Што значи планот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на даноците: „Инфлацијата ви расте побрзо, не се будали државите што ги држат на високо ниво давачките“

од Nikola Popovski
660 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ вчера преку јавен настан порача дека има намера да ја направи Македонија меѓународна профилирана како држава со најнизок данок на добивка. Според нивните заложби, новата даночна политика за деклариран профит до 20 милиони евра – данокот ќе остане ист, 10%, а ако е реинвестиран, тој останува 0%. Секоја компанија без разлика дали е домашна или странска ако пријави профит од 20 до 30 милиони евра, данокот ќе биде 8%, од 30 до 50 милиони евра ќе биде 6%, а над 50 милиони евра данокот ќе биде 5%. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со оваа политика компаниите ќе се мотивираат што повеќе да работат, но и ќе се демотивира во целост сивата економија.

Дел од познавачите на ваквите состојби велат дека се категорично против ниските даноци, бидејќи како што тврдат, тие водат кон дното на сите полиња, не само во економијата, туку во целото општество. Според експертот по даночни прашања, Славко Лазовски, со ваквите најави ја губите и онаа конкуренција што ја имате во меѓународната трговија. Како што истакнува за „Локално“, фактички вака ја продолжувате неоколонијалната зависност.

 

Славко Лазовски

-Ги попречувате сиете други јавни политика да ги остварат своите цели. Инфлацијата ви расте побрзо отколку во земјиете од кои увезувате, бидејќи ја кочите монетарната политика да ги оставари зцртаните цели. Затоа нашата инфлација е повисока од онаа во Германија, од каде доаѓаат увезените добра, посочува Лазовски.

Според него, во политиката на ниските даноци, сите се губитници, па и компаниите, а добитници се само политичарите.

-Со ниски даноци сите стануваме неодговорни, а тоа најдобро им одговара на политичарите. И тие стануваат неодговорни во таа општата неодговорнсост. Тоа е нивната главна цел, така подолго останувават на власт или најбрзо доаѓаат на власт, уверува соговорникот.

Истакнува дека имаме инверзија во структуирањето и дефинирањето на општествените интереси.

-На пример како е можно пензионерите да бидат за ниските даноци. Нашата пензија е данок, само поинаку наречена. Ниски даноци, ниски пензии. Како е можно 450.000 наши сограѓани, кои се зависни од социјална помош, да бидат за ниски даноци. И кај пензионерите и кај социјалците она што ќе го заштедат , кога плаќаат ниски даноци, тоа е само мал дел од нивниот доход што го добиваат, кој е намален во голема пропорција, потенцира Лазовски и прашува „кој е за малите даноци: учениците, студентите, младиете?“.

-Со ниските даноци им ги намалуваме нивните конкурентски способнисти утре, по многу години да ,,заграбувават“ што поголем дел од светскиот доход. А прашањето на доходовното диверенцирање во општеството? Не се будали државите што ги држат на високо ниво даноците, дециден е експертот.

И економистот Абил Бауш се согласува дека не е решение да имаме намалување на даноците. Во разговор за „Локално“ посочува дека ние и вака како држава имаме најмали даноци во споредба со други земји, особено од тие во ЕУ.

Абил Бауш

-Имаме 11-12 даноци, а во ЕУ една земја има по 28 даноци како Бугарија, а Германија има над 35-36 даноци. Не е поентата колку ќе ги одданочувате вашите фирми, туку како ќе ги искористувате средствата што го добивате од тие давачки. Вие може да имате и прогресивен данок во државата, но да биде на скалест начин. Данокот на добивка треба да биде скалест, кој нема да биде трошковен за компаниите, ама од друга стррана, парите што би ги искористиле од тие давачки, да бидат ефективно користени во буџетски трошења. Нас неопходно ни е да имаме реформа на даночката политика. Тоа е итно. Која партија би се нафатило со тоа, не знам. Не е проблемот во колкав процент ќе бидат даноците, дали помали или поголеми, туку под итно е потребна реформа во даночната политика во државата, порачува соговорникот.

Смета дека на овој начин, сивата економија донекаде ќе биде целосно демотивирана, но, укажува дека ние како држава немаме преголеми давачки.

-Посебно не се офајдила државата доколку даноците ги направи 8%. 95% од фирмите кај нас се фамилијарни бизниси. Тие бизниси се многу блиску да направат евазија и да влезат во сивата економија. Не е решение да имаме намалување на даноци, имаме еден куп други работи да се направат, туку реформа на целиот даночен систем, објаснува Бауш.

Го разбира ваквиот став на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се централно-десно ориентирана партија, но тврди не е само ова.

-Тие одат кон намалување на даноците, државата да земе помалку пари, да инвестираат фирмите, но тоа не се прави така. Нема да ви дојде странска инвестиција, нема да привлечете ако немате обучен човечки материјал, мал пазар сте и мала држава. Даночката политика се прави со покачување на стандардот, со инвестирање во човечки потенцијал, со поголема економска активност итн. Затоа треба реформа, а не менување на закони. Можеш и нула даноци да направиш, но никој не инвестира, заклучува економистот.

Н.П.

Слични содржини