На прашањето што значи времен прекин за ИПАРД програмата и што се влегува во стопирање на ИПАРД, екс-министерот Трајан Димковски објаснува дека тоа значи дека сите завршени проекти кои се во фаза на контрола пред исплата, се стопираат. Како што додава, тука имаме фирми во зависност од инвестицијата кои го инвестирале целиот износ на проектот преку вложување на свои пари, заеми или кредити и чекаат на исплата.
Околу тоа што значи ова за домашното производство, екс-министерот вели дека со сигурност во иднина уште повеќе ќе опаѓа, бидејки примарното производство кое доаѓа од земјоделците ќе нема кој да го откупи, преработи и да го извезе на странските пазари и сето тоа ќе се прекрши на индивидуалниот земјоделец.
-Преку ИПАРД програмата влегува и целосна механизација за примарното производство и овој дел кој влегува во Мерка 1 ке биде со времен прекин а тоа исто означува намалена конкуретност и модернизација на фармите, наведува, меѓу другото, Димковски, во разговор за „Локално“.