Се случија много политички случувања и секој ги толкува онолку колку што ги разбира, ама сметам дека еден филосовски пристап на перцепција на нештата ќе даде многу повеќе разјанувања за силите на природата, религијата и економијата кои го влечат Груевски надолу…

Тука нема да зборувам за неговите лични реални и измислени непријатели… туку за научно-философски перцепции кои укажуваат на “падовите во природата”…

846808c41421643e351142ba548be2d7grujoha

И ќе започнам со првата- дијалектичко-материјалистичката перцепција на случувањата во природата… онаа што се учи на сите факултети во прва година…секако во различни предмети… а тоа е “ентропијата”

Сепак најпрво со дефиницијата…
“Ентропијата се нарекува и мерка за хаосот, па со зголемување на хаотичноста на системот (а таа се зголемува кога нивото на подреденост опаѓа), се зголемува и ентропијата”

Picture3
Ентропијата важи и во општествените науки… а таа мерка, во буквлана смисла значи дека природата и во најредовниот и најподредениот систем ќе направи хаос, притоа и колкава и да е силата што го одржува редот на нештата… или силата на деструкцијата… или преведено… се има почеток и крај, се што се нашло во воздухот еден ден ќе се најде во земјата…

Да поедноставиме… тоа значи дека политичко-правниот систем и уредувањето на односите меѓу луѓето, што го поставил Груевски (по командна одговорност, не велам дека тој го поставил) е под дејство на самата природа да го распадне…а природата самата преку енергетските дејствија ги избира механизмите за деструктивност врз системот… тоа значи дека ниту еден систем не е вечен… секој ќе умре на некој начин… градбата ќе се сруши по 500 години, човекот ќе умре по 100 години, системот на корупција ќе пропадне по 10 години итн…

А Груевски верувам дека системските кадри не баш ги бираше по интелект и по отпор на корупција, туку по “слепа извршност” со мала вмешаност во криминал, за на никој да не му текне да дигне глава или да попушти пред противникот или стравот… едноставно луѓе кои не можат и немаат капацитет да го држат државниот поредок самите, туку само по наредба и присила…

Верувам дека ова до сега е јасно… Ова е научниот аспект на анализа на деструктивноста на нештата…

Преминувам на теолошкиот апсект на деструктивноста… бидејќи нели Груевски самиот се декларира како верник… А најголемото искушениe во православното христијанство- “славољубието” или властољубието во потесна смисла на зборот…

download (2)

А во Новиот завет на Библијата вака се дефинира “славољубието”- Евангелие по Матеј гл. 4 ст. 8,9 и 10…
“8. Го одведе ѓаволот потоа на многу висока планина, и Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава,
9. и Му рече: „Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш.”
10. Но Исус му рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: »На Господа, твојот Бог, да Му се поклонуваш и само нему да Му служиш!«“”
Што сакал да пренесе Св. Апостол Матеј од искуствата на Исус… Тоа е дека желбата за власт е одлика на Ѓаволот , а не на верникот… вистинскиот верник никогаш не би сакал да властува врз некој, туку само човекот кој го прифатил искушението од Ѓаволот преку пари и привилегии, се бори за власт врз другите… (ова важи за сите кои сакаат да идат властодршци)

А ова искушение Бог го казнува најстрого од сите искушенија… односно сака да каже дека “падот на малиот човек, ќе помине само со гребнатина, ама падот на големиот човек ќе помине со страшен тресок.”… или да симплифицираме, сите гревови направени неправедно врз луѓето, ќе бидат казна за носителите на власта.. во случајот Груевски… Тој си е одговорен пред Бога за сите неправедни дејствија направени врз луѓето… односно Бог ќе направи се за да го симне од власта ако прави гревови врз праведниците… ама тоа го знаат сега само Заев (бидејќи ги знае неговите позиции од прислушуваните материјали ), Бог и тој самиот…

И секако за третиот философски правец, ама во економијата . Тоа е либертанијанизмот според философскиот однос на економистот Хаек… односно делот за “инвентивноста”…

CQO1M48VAAI_beO

Од размислувањето на Хаек за развојот на економијата може да се заклучи дека тој се залага за максимална слобода на луѓето и во политичка и во економска смисла…

Според него, ако човекот има и најинвентивна идеја и ако најмалку се сомнева во исплатливоста во неговата инвестиција, односно дека ако некој му застане на патот на инвестицијата, тој воопшто нема да се одлучи да ги вложи парите… едноставно ќе ги чува за подобри времиња.. подобро парите под перница, отколку објаснувања со УЈП, судови итн… а економија и развој без инвестиции нема… а Вас ќе ве потсетам на “бомбите” од типот “че им е.ам мајката, хилтата, че видат”… итн….

Она што сакал Хаек да каже е дека ако власта, го поддржува неспособниот само затоа што и се покорил, а го уништува способниот, истата таа е осудена пропаст… затоа што неспособниот не е инвентивен и конкурентен на глобален план и нема да донесе девизи за државата…
И сега за пропаста на економијата… размислете самите..

И зошто философија го пишувам со “с” наместо со “з” прочитајте за Сократ и софистите и грчкиот превод и ќе Ви стане јасно….

И на крај како доказ дека луѓето ја прецепирале деструктивноста од секогаш, Ви препорачувам да ја гледате оваа македонска народна приказна…

https://youtu.be/b82LmSplJ5M

Филип Ѓурчиновски

Слични содржини