Штрајк на судската администрација !

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Судската администрација во цела Македонија повторно излегува на штрајк кој ќе трае сѐ до исполнување на барањето за зголемување на платите од 35 отсто,информира Сведок.

tn1_20160517_153247_DSC_0424

Тие бараат Министерството за правда и на ним да им ги зголеми платите, како што тоа беше сторено за јавните обвинители и судиите. Од Синдикатот на судските работници (УПОЗ) велат дека за нивното барање имаат одобрение од Владата на Македонија, но проблемот запнал во Финансии.

Трпе Деаноски, генерален секретар на УПОЗ  истакна дека постои голема нервоза кај судските работници поради незголемувањето на платите на најбројните вработени во судовите.

– Сакам да напоменам дека се оградуваме од штетните и несакани последици. Ги повикуваме надлежните уште утре да започнеме преговори и да потпишеме договор за исполнување на нашето барање – нагласи Деаноски.

Во судовите ќе се работат само итните предмети: притвори предмети, стечај, старателство, издавање на уверенија за патувања во странство и вработувања.

Судската администрација во последниве две години нагло се зголеми за над 30 проценти, откако десетици луѓе беа примени во судовите и обвинителствата преку наводните вработувања во „Македонски шуми“.

Во оваа акција биле примени и голем број луѓе кои никогаш претходно немале допирна точка со судска работа, па сега судиите мака мачат да им објаснат основни работи, како што се: составување на записник, комплетирање на предмет-лепење на повратници, пишување писма до други органи, повикување на странки.

Текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини