Јаким Неделковски Претседател на Синдикатот за образование, наука и култура изјави дека штрајкот ќе трае се додека не се најде прифатливно решение кој ќе помине по изјаснување на членството.
“Се додека не најдеме прифатливно решение кој што ќе помине на изјаснување на членството до тогаш ќе трае и штрајкот. Во ваква ситуација еве два дена сме во штрајк можеби и утре или задутре дури ќе се сретнеме, навистина нема причина нити повод ние да бараме од нашите членови да донесат одлука за прекинување на штрајкот”, изјави Неделковски, во емисијата „200“, во Алсат.
Mинистерот за образование, Јетон Шаќири рече дека постои можност утре или задутре да имаат средба со СОНК.
„Пред средбата со Владата имав средба со министерот за финансии, со вицепремиерот за економски прашања, ја направивме прелиминарната координација и ќе ги видиме сите можности во наредните денови. Во наредбите денови можеби утре или четврток ќе следи средба. Во претходниот состав што го споменав имавме две-три средби со претставниците на Синдикатот, но и порано како министер ги имавме овие средби”, изјави Шаќири, вели во емисијата „200“.
Министер за образование, рече дека ќе ги жртвува сите средства од буџет за да се приближи до овој потребениот процент.
„Тоа се работи што се фактички, штрајкот почна и сите се прашуваат до кога ќе трае, а ова зависи од предлогот што ќе го даде Владата на СОНК. Ако имаме можност да се приближиме, и ги побарав сите министри и ќе ги жртвувам сите средства од буџет на Министерсто за образование само за да се приближиме до овој процент“, рече Шаќири.