172
Рано утрово влезот на Скопје е блокиран од ССМ. Кај раскрсницата во Автокоманда поставени се и шатори на самиот булевар.
Синдикалниот притисок за исполнување на нивните барања во рамки на генералниот штрајк за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник да се вметне или преку амандман или преку Општиот колективен договор, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го продолжува на улица.