207
Министерството за правда информира дека граѓаните од утре ќе може да ги користат услугите на Управата за водење матични книги.
-Со потпишувањето на колективниот договор,штрајкот е ставен во мирување а граѓаните од утре ќе може да ги користат услугите на Управата за водење матични книги.Во колективниот договор се утврдуваат критериумите за годишен одмор и неплатени отсуства, надоместоците на плата и други примања, исплата на регрес за годишен подмор, додатоци на плата, јубилејни награди и др. Како право кое синдикатот и работодавачот го утврдија во овој договор е минималната плата да биде основна плата, соопштија од министерството.