Штрајкот во М-НАВ ставен во мирување

од Nikola Popovski
10 прегледи

Синдикатот на контролори на летање ССКЛМ ја стави во мирување одлуката за штрајк што требаше да се реализира денеска, потврди претседателот на ССКЛМ Александар Тасевски.

– Тоа што го баравме се придвижува, одобрено е барањето за вработувања на контролорите и за спроведување на функционалната анализа која ќе определи кои се работни места и број на извршители треба да постојат, изјави Тасевски.

Сепак, најавува дека ќе го оспорат последниот конкурс за вработување за кој веќе реагираа во предупредувањето за штрајкот.

– Не застануваме тука ќе продолжиме да бараме професинализам. Има неправилности и во последиот конкурс, ние повторно дадовме шанса, но очигледно УО нема намера да застане, вели Тасевски во изјава за МИА.

ССКЛМ преку известување до раководството на М-НАВ на 16. минатиот месец побара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Повикаа да се пристапи кон итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на јуни, а во спротивно најавија реактивирање на штрајкот денеска.

Слични содржини